еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Мицкоски во Вашингтон се сретна со Павловски, сопственик на Рамбл, каде акционери се и новиот американски министер за економија и новиот потпретседател на САД

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Вашингтон, САД, каде е во работна посета, а денеска ќе присуствува и на инагурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, имаше среба со македонскиот бизнисмен Крис Павловски, сопственик на Рамбл.

Во акционерската структура на Рамбл, како што информираше Мицкоски на Фејсбук се и Хауард Лутник, новиот министер за економија на САД и ЏД Венс, новиот потпретседател на САД.

Капиталот на Павловски од Форбс е проценет на 1.2 милијарди долари.

-Разговаравме за инвестиции на Рамбл во Македонија во делот на дигитализацијата. Имајќи предвид дека Крис има македонско потекло, Македонија е тема која е секогаш дел од нашите разговори, зборувавме за предизвиците кои се дел од сегашноста, но и иднината, напиша Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонска делегација предводена од Мицкоски замина во САД, ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Фото: Мицкоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 176 оздравени од Ковид-19

Редакција

112 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница