еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски и Филипче договориле формирање работни групи за спроведување реформи

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче оцени дека разговорот со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Владата бил конструктивен, а начелно договориле формирање на заеднички тела и комисии.

„Начелно договоривме дека ќе работиме на начинот да формираме заеднички тела или работни групи во делот пред се на спроведување на реформската агенда.

Значи првичните закони кои што треба да стигнат во Собранието во делот на правосудството, нешто што ги тангира сите, понатаму енергетиката и некои работи во однос на стратешките движења и проекти во здравството,“ изјави Филипче по средбата.

Од Владата информираа дека на средбата била истакната потребата да се работи на заедничката иднина за граѓаните, како и да се работи на консензус меѓу различните страни за клучните прашања за државата и добробит на сите граѓани.

„Во тој контекст неопходно е да се мобилизираат сите напредни поединци и структури кои можат да дадат придонес на патот за развој на земјата.

Македонските државни интереси треба да бидат појдовната точка во разговорите за секое прашање, при што Мицкоски побара од Филипче да се потруди да биде конструктивен фактор во определбата за промени, реформи и напредок.

Државата мора да биде во служба на граѓаните, и да се случат коренити реформи на системот од кој граѓаните се незадоволни, истакна Мицкоски на средбата.

Соговорниците се договорија да се формираат работни групи кои ќе разговараат за реформските законски решенија кои треба да ги гарантираат заложбите за напредок„, велат од таму.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ќе го следи ли Скопје примерот на Њу Делхи: Бар продава кислород за спас од загадувањето

Редакција

Иницијативата е во согласност со Законот, Џафери нема основ да ја отфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

За плати, награди и надомест на членовите на Одборот на директори на Хотели Метропол лани исплатени 1,6 милион денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница