еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски ќе бара средба со новиот бугарски премиер

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во интервју за „360 степени“ на МРТ најави дека ќе побара средба со новиот бугарски премиер Росен Жељазков, кој доаѓа од партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, за која “навиваше„ Мицкоски на последните избори таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија денеска на избори, Мицкоски „навива“ за Борисов

„Немам проблем да иницирам средба со Бугарија, ние сме соседи и логично е да иницираме таква средба, да се запознаеме, колеги сме, соработуваме, заедно сме во НАТО.

Апсолутно ќе побарам средба“, рече Мицкоски, кој повтори дека македонската Влада останува на своите позиции дека членството во Европската унија (ЕУ) треба да се исполни според постигнувања, а не според билатерални спорови и дека тој е подготвен да разговара за надминување на проблемот со бугарските власти.

Додаде и дека на таа средба треба да се види дали можеме да ги надминеме разликите околу тоа како ние го гледаме патот на Македонија до полноправно членство во ЕУ и како тие го гледаат.

„Тука е разликата генерално, затоа што ние секако за иста тема имаме различни гледишта. Ние имаме наша стратегија, суштината една, а тоа дали нас после две децении ќе ни биде дозволено да го почнеме процесот на преговори и истиот да се вреднува според постигнување, а не билатерални спорови.

Да видиме дали тука можеме да се најдеме, па потоа да бараме решение за сè останато“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Росен Жељазков, новиот премиер на Бугарија

Кој е Георг Георгиев, новиот бугарски министер за надворешни работи

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) По три недели пронајдено телото на велешанецот Димовски кој се удави помагајќи и на екипа на ЕВН

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ две децении дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI

Редакција

Вртоглав пораст на цената на акциите на „ЗК Пелагонија“: Што ја подгрева вредноста на комбинатот?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница