еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот Лајонс натпревар „Томас Кути“

Младиот македонски кларинетист Мевљуд Асаноски ќе се натпреварува на европскиот Лајонс натпревар „Томас Кути“. Музичкиот натпревар ќе се оддржи во рамките на Лајонс Европа Форум 2024 во Бордо, Франција од 23 до 26. октомври.

Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките  на Европскиот Лајонс форум, со цел да се поддржат младите музички таленти од Европа. Се натпреваруваат кандидати до 24 години и секоја земја предлага еден претставник.

Оваа година младите музички таленти се натпреваруваат по инструментот кларинет. Натпреварот ќе се реализира на Конзерваториумот „Жак Трибалд“ во Бордо и завршниот концерт ќе се реализира во Концертната сала „Атлантик“. Жири комисијата е интернационална и се состои од истакнати професори по кларинет.

Нашиот млад кларинетист Мевљуд Асаноски моментално е на студии во Швајцарија на престижниот универзитет во Цирих, во класата на професорот Фабио ди Касола. Основно музичко образование завршува во класата по кларинет кај проф. Александра Иваноска и средно музичко училиште завршува во Битола во класата на проф. Марјан Бакревски.

Има учествувано на многу државни  и меѓународни натпревари во Македонија и во Србија каде има освоено први награди. Исто така учествува на многу семинари каде гостуваат доста познати кларинетисти  од светот како: Пјер Џенисон, Спирос Мурикис, Исмаил Лумановски и други.

Минатата година Мевљуд Асановски беше избран да настапи како солист со Филхармонија и со своето музицирање ја воодушеви публиката.

Натпреварувањето на Мевљуд Асаноски  во Бордо, Франција е поддржано од македонскиот Лајонс Дистрикт 132 и гувернерот Хари Коцев. Национален координатор за Лајонс музичкиот натпревар е виолинистката Пламенка Трајковска.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници: Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед

Редакција

Новото Citroen Berlingo van ја освои нагртадата „International van of the year 2019”

Редакција

Издавачкиот центар „ТРИ“ со богата саемска програма

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница