еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

На 5. октомври во Крушево песни на Тоше ќе пејат Ламбе, Антониа, Ребека…

На 5. октомври во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи традционалниот концерт посветен на Тоше Проески, со кој ќе одбележат 17 години од неговиот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Концертот стартува во 18 часот, а неговите хитови ќе ги пејат Ламбе Алабаковски, Некст тајм, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, Инвиктус бенд, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Овој настан насловен како „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ се одржува од 2008 година, и во неговиот склоп има концерти, крводарителски акции, како и собир на фановите на Тоше.

Фото: Хит рекордс/Општина Крушево

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Коста Петров е еден од авторите на евровизиската песна на Тамара

Редакција

Тригодишната Аника има аутизам и епилепсија, потребни се средства за трансплантација на матични клетки

Редакција

(Видео) Очекувана победа на Украина на Евровизија, кои се останатите земји во Топ 5

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница