еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

На готови делови на автопатот Кичево-Охрид пред Нова година имало 11 свлечишта

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека трасата на автопатот Кичево-Охрид била така направена да на готови делови на автопатот пред Нова година имало 11 свлечишта.

„Цели ридови беа паднати врз новоизграден автопат. Треба да се прашаат проектантите како можеле да проектираат на свлечиште кое што веднаш паѓа на автопатот“, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања.

Тој додаде дека не е архитект, но од она што го гледал во проектот и што му покажувале стручни лица, проектот имал многу парадокси.

„Една од косините е така направена да почнува на автопатот после Кичево, а завршува во Албанија, колку високо е направен. Значи имате и такви парадокси на тој автопат“, рече Ковачевски додавајќи дека автопатот е готов 80 проценти, но свлечиштата ќе мора да се регулираат.

Нема нов датум кога овој автопат, кој се гради повеќе од 10 години, ќе биде завршен.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Депозитите на населението повисоки за 130 милиони евра од почетокот на годинава

Редакција

ГуливЕр ќе лета двапати неделно од Софија до Скопје и назад

Редакција

Лекции од Гевгелија и Кавадарци за локален развој

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница