еМагазин
ЖИВОТ

Над 3.600 деца вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација

Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација и се поделени над 7.500 информативни материјали, во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија, насловена „Од врата до врата“.
Исто така, во рамки на оваа кампања се вакцинирани и 2.630 граѓани над 65 годишна возраст во нивните домови со вакцина против сезонски грип, кои не можеле да пристапат до пунктовите за имунизација. За нив е обезбедена и бивалентна ревакцина за Ковид-19.
Во кампањата беа вклучени 30 медицински тимови од здравствените домови. Вкупно беа посетени 221 рурално место и 79 урбани населени места, односно вкупно 3.867 домови низ државата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 400 пациенти со Ковид-19 досега третирани со конвалесцентна плазма

Редакција

(Видео) „Како да си ги купам лековите со 12.000 пензија,“ го праша пензионерка министерот Меџити

Редакција

(Фото) „Чекајќи те костур се сторив“: Уметничка акција „Чекајќи го Годо“ посветена на односот на Европската Унија кон Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница