Мерката на Владата за намалување на маржата на основните прехрамбени производи на 10 проценти стартува денеска, одлуката е објавена во Службен весник.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува трговците да го почитуваат тоа што е договорено.
Мерката ќе трае до крајот на октомври, а треба да бидат намалени цените на 73 производи.
Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа одлука денеска тој изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.
„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На кои 73. производи им се ограничи маржата
Фото: Unsplash