еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

„Нашите ангели заслужуваат правда“, порачаа родителите на загинатите во пожарот во Кочани на денешниот марш „Задоцнета реакција“

Денеска во Кочани се одржа вториот протестен марш под мотото „Задоцнета реакција“, организиран од семејствата на настраданите во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“.

Граѓаните преку транспаренти порачаа „Нашите ангели заслужуваат правда“, „Стоп за селективна правда“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ и слично.

Учесниците на маршот тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, изразувајќи го незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија.

Колоната од неколку стотини граѓани помина во Трговскиот центар кратко задржувајќи се пред кафе барот чиј сопственик ја имаше и дискотеката, а оттаму се упатија пред зградата на Општина Кочани каде се наоѓаат и просториите на Државниот пазарен инспекторат.

Пред Полициската станица имаше едноминутен молк, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка.

Граѓаните повторно се вратија на почетното место во Паркот и најавија дека ваквите протести ќе продолжат сѐ додека не се откријат и казнат виновниците за трагичниот настан.

Фото: Фејсбук/Радио Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите нападнале евакуациски конвој во регионот на Киев, загинале седум цивили, од кои едно е дете

Редакција

Пандемијата од Ковид-19 не е завршена, предупреди шефот на СЗО

Редакција

(Галерија) Блерим Река приватно: Има три деца и е дедо на две внуки и два внучиња

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница