Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари изнесувала 39.542 денари, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС во јануари најниската просечна нето-плата е во секторот Заштитни и истражни дејности – 21.306 денари, следи Рибарство и аквакултура – 24.400 денари, па Производство на кожа и слични производи од кожа – 25.106 денари, Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 25.565 денари и Шумарство и искористување на шуми – 25.826 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највисоки просечни нето-плати во јануари
Во кој сектор е највисоката просечна бруто-плата во јануари
Просечната нето-плата во јануари 39.542 денари