еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Невакцинираните деца од голема кашлица, од денеска нема да се примаат во градинките

Од денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе почне со вонредни инспекциски надзори и издавање решенија за забрана на прием на деца во градинките кои не се целосно имунизирани со вакцината ДТП против голема кашлица.

„Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник, 11. март, со издавање решение за забрана на прием на деца, кои не се имунизирани или се нецелосно имунизирани со ДТП, како и други наложени епидемиски мерки,“ појаснуваат од ДСЗИ.

Оттаму додаваат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.

„Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје – Скопје,“ истакнуваат од Инспекторатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Кои се компликациите од голема кашлица, како се пренесува и лекува?

Фото: МТСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Едно лице починало откако автомобил удрил во камион управуван од македонски државјанин во близина на Ќафасан

Редакција

Прилепска пиварница откупи сопствени акции

Редакција

Цветин: Ја заслужувам Нобеловата награда за мир

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница