еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Нето-платата во јануари 43.050 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари изнесува 43.050 денари, а бруто-платата 64.697 денари, информираше Државниот завод за статистика (ДЗС).

Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 108.9.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15.6 %), Административни и помошни услужни дејности (12.0 %) и Образование (11.4 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (6.6 %), Преработувачка индустрија (5.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (4.5 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два нови случаја со мали сипаници во Скопје

Редакција

Државна ревизија се сомнева во вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Министерството за труд и социјална политика

Редакција

Бугарија нема нови услови за Македонија, но бара институциите да ја докажат „сериозноста со која ќе ги гонат злосторствата од омраза врз Бугарите“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница