еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинението за „Талир“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, останува

Обвинението за „Талир“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), останува.

Врховниот суд го одби барањето на обвинителката Анита Топалова-Исајловска дека случајот треба да падне, бидејќи е поднесено од неовластен тужител (згаснато СЈО) и дека е во спротивност со повеќе закони.

Во случајот првообвинет е поранешниот премиер и бивш лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, бидејќи избега во Будимпешта, Унгарија, а обвинети се и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и за перење пари.

Обвинети се и Илија Димовски и Леко Ристовски за делото перење пари, а како правно лице и партијата.

Во случајот обвинета беше и Елизабета Чингаровска, но таа призна вина и доби условна казна.

Со измените на Кривичниот законик овој предмет застарува во 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Случај „Талир“: Јанакиески и Божиновски на сопственикот на „Урбан Инвест” му наредиле да даде 15.000 евра пред изборите

Случај „Талир“: Објавата на сведочењето на Силјан Мицевски го „вознемири“ Никола Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еколошка бомба на планината Серта: Oпожарени 8.500 хектари, целосно изгоре животинскиот и растителниот свет

Редакција

ЕК по изјавата на Радев: Ниедна земја членка не смее да се меша во домашна политика на други земји

Редакција

„Сеа луѓе. Уште Миле и готово„: Твитер реакции за бегството на Мијалков

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница