еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска облачно, попладне со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето. Од понеделник, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно и посвежо време на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 25 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град, особено во вторник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кај 26-годишник во Македонија регистриран флурон, има и грип и Ковид-19

Редакција

Детална листа на лица со хронични состојби кои треба да бидат ослободени од работа

Редакција

(Видео) „Валкани пари – смртни последици“: На денешниот протест се бараше правда за Фросина, но и за Теодора, Викторија, жртвите кај Ласкарци…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница