еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен тендерот за нови компресори за хируршките клиники

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска информираше дека веќе е објавен тендерот за набавка на нови компресори за хируршките клиники од страна на Службата за општи и заеднички работи на клиниките.

Тој најави дека во следниот период приоритет е осовременување на позитивната листа на лекови и како новина е имплементирањето национална фармацевтска политика со посебен фокус на квалитет и достапност на фармацевтските производи.

Таравари информираше дека во владина процедура се доставени и законските измени за укинување на економските директори во универзитетските клиники, а се осврна и на спојувањето на клиниките во еден клинички центар, со што тенденцијата е да се намали бројот на директори и членови на управни одбори.

-Посебно внимание во следниот период посветуваме на регионализација на здравствените услуги и на мотивирање и стимулирање на докторите од клиниките да работат во болниците во другите градови.

Исто така, планираме стратегија во соработка со Медицинскиот факултет за стимулирање на докторите да се запишуваат на дефицитарните специјализации, како што се педијатрија, анестезиологија, радиологија и друг дефицитарен кадар, рече Таравари.

Во моментот се работи и на изнаоѓање решение за дигитализација во здравството, како и за унапредување на дигиталната инфраструктура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе корегирано предлог референдумско прашање за францускиот предлог

Редакција

Проф. Трајковски: Една третина од пациентите со продолжен ковид имаат абнормалности кај згрутчувањето на крвта, тоа не е мал ризик

Редакција

Димитров: Внесувањето на бугарските барања во преговарачкиот процес ни ја става судбината целосно во рацете на Софија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница