еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од среда ќе платите казна ако возите со возачка без „Северна„

Од среда или од полноќ на 13. февруари (вторник), ако возите со возачка дозвола во Македонија без новото име на државата ќе добиете казна како да немата возачка, а при сообраќајка ќе платите за евентуална штета поради невалидна возачка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?

Од тогаш и во Македонија и надвор од неа ќе важат само возачките со новото име.

-Министерството за внатрешни работи ќе постапува согласно закон и затоа апелираме граѓаните да не управуваат возило доколку немаат валидна возачка дозвола со името Република Северна Македонија.

Предупредуваме и дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, поради невалидната возачка дозвола, граѓаните кои немаат валидна возачка дозвола ќе мора да ги сносат последиците околу евентуалната штета, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сите кредити земени со стари документи, од полноќ се неважечки“: Твитер реакции за возачките, пасошите и личните карти со „Северна“

Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“

Личните карти без „Северна“ ќе важат и по 13. февруари, за во Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и БиХ, не се знае дали ќе Ви биде дозволен влез

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов раст: 588 нови случаи на Ковид-19 од 5.780 тестирања

Редакција

Рекордно ниски температури: Во Берово минус 21, во Битола минус 20 степени

Редакција

Мицкоски: Трите барања на Петков се ултранационалистички, не знам зошто воопшто преговараме

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница