еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре дожд и снег и значително заладување на времето

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека под влијание на влажен бран, утре во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд во пониските места и снег на планините.

Во текот на ноќта кон сабота и во сабота претпладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од земјата и наместа ќе бидат пообилни (20 л/м2).

Според УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса со засилен северен ветер врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и на некои од пониските места. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места.

Во Скопје утре во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а во текот на ноќта и во сабота претпладне во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминат во снег. Во сабота ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски не откри ништо ново, сите документи се предадени на истражните органи, реагираат од Онкологија

Редакција

Над 400 гости од земјава и странство дел од годинешниот Самит Македонија2025

Редакција

СЗО бара од производителите да донираат 50% од своите вакцини во Ковакс

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница