еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Опожарено возилото на јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово

Во раните утрински часови денеска било опожарено возилото на заменик-јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово.

Самиот тој ја потврди информацијата за 360 степени, а возилото му било опожарено пред објектот каде што живее.

Тој како што вели не знае кој би можел да го направи тоа.

„Не би сакал да коментирам повеќе од ова. Не се сомневам во никого. Да оставиме органите да го истражат случајот“, вели Бајрами.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се собираат доказни материјали за инцидентот.

Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово пак информираа дека синоќа во Куманово се опожарени три автомобили, еден деловен објект – фотокопирница и фасада од куќа.

Речиси сите инциденти биле во исто време, околу 3 часот наутро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Опожарена канцеларија на советник на ДУИ во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас, неколку лица пренесени во болница

Редакција

Кој е Седат Сулејмани, новиот заменик министер за култура и туризам

Редакција

Град Скопје со препораки поради загадениот воздух

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница