еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Отворен повик за А1 WayUp, платена пракса во А1 Македонија

А1 Македонија и оваа сезона ги отвора вратите за најдобрите студенти за програмата A1 WayUp, кои добиваат исклучителна можност својата кариера да ја градат во една од следниве области: автоматизација, анализа на податоци и виртуелизација, Infrastructure & Cloud, технолошки сервиси и бизнис-маркетинг, информираат од таму

„A1 WayUp е препознатлива програма што нуди одлична можност за младите да започнат да го градат својот кариерен пат преку практично искуство и работа на реални проекти.

Практикантите што ќе станат дел од тимот на А1, ќе имаат целосна поддршка од менторите и од тимовите на А1, како и бенефиции еднакви на сите други вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој.

Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, учесниците може да очекуваат обуки и ресурси за стекнување нови вештини и усовршување на постојните, обезбедувајќи континуиран раст и подготвеност за идните предизвици,“ велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Работници од Непал масовно бегаат од Македонија

Редакција

(Фото) Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник: 25.000 учесници во Бадниковите поворки

Редакција

Османи: Во редовна комуникација сме со Софија, но постојат и иницијативи од меѓународните партнери

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница