еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пациентите треба да го потврдат својот телефонски број, само при првиот преглед

Во насока на подобрување на достапноста на здравствените услуги за пациентите, во системот Мој Термин е воведена опцијата за верификација на телефонскиот број, информираат од Министерство за здравство.

„Оваа мерка има за цел да обезбеди пациентите навремено да добиваат известувања за закажани термини и други здравствени услуги, со што се намалуваат пропуштените прегледи и се оптимизира функционирањето на здравствениот систем.

Во моментов, процесот сè уште не е задолжителен, но во наредниот период ќе стане обврска при посета кај матичниот лекар,“ се вели во соопштението.

Сепак, системот предвидува исклучоци во одредени случаи:

Итни медицински случаи – внесување во системот без верификација.

Деца и изнемоштени лица – можат да бидат верификувани преку друго лице (еден телефонски број за повеќе пациенти).

Корисници на мобилната апликација Мое Здравје – можат самостојно да ја завршат верификацијата, без вклучување на матичниот лекар.

„Важно е да се нагласи дека верификацијата се прави еднократно, што значи дека пациентите треба да го потврдат својот телефонски број само при првиот преглед. Оваа промена се базира на анализи кои покажаа дека значителен број пациенти не се појавуваат на закажаните термини поради неажурирани телефонски броеви.

На пример, повеќе од 50% од пациентките со закажани прегледи за дојка не се појавиле, со што биле изгубени термини кои можеле да бидат искористени за други пациенти,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штрајк на матичните лекари поради новина во „Мој термин“, за која никој не ги известил

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Редакција

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Редакција

Најчевска: Преименувањето во “северномакедонци“ е прекршување на меѓународното право, отсуството на реакција е неприфатливо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница