еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Повторно заглавено возило на Галичица, иако патот е затворен

Рано утрово, по повик на 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК), од 5 до 8 часот имаше спасителна акција на Галичица, што е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК.

„Конкретно, Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, известува дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила.

Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат, а секако и сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка.

ЦУК информира дека паралелно било комуницирано и со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување,“ информираат од ЦУК.

Од ЦУК апелираат да се почитува забраната за движење преку Галичица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патот на Галичица е затворен, луѓето не почитуваат, заглавуваат со возила и им создаваат проблеми на спасувачите

Фото: Спасителна служба Охрид

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗНМ и ССНМ: Итни субвенции по вработен новинар/медиумски работник во висина на минимална плата или ослободување од плаќање придонеси

Редакција

Израел е во војна, изјави премиерот Нетанјаху

Редакција

Лабораториите во МАНУ и на Институт за судска медицина ќе се вклучат во анализа на тестовите за корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница