еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Подобрено снабдувањето со електрична енергија во населбата Лисиче

Електродистрибуција ја заврши првата фаза на проектот за замена на надземните водови со подземна мрежа на ул. „Гаврил Константиновиќ” во скопската населба Лисиче, информираат од таму.

Среднонапонската дистрибутивна мрежа е целосно реконструирана, а во втората фаза која е во тек, се продолжува со изведба на работни активности на нисконапонската мрежа.

Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Волфганг Маиер и градоначалникот на општина Аеродром,Тимчо Муцунски направија посета и увид на терен.

„Со овој проект овозможуваме уште посигурно и постабилно снабдување со електрична енергија за нашите корисници, како и поголем капацитет за приклучување на нови домаќинства и индустриски објекти. По целосното завршување на работните активности на оваа улица, компанијата ќе продолжи со реализација на други инвестициски проекти пошироко во општина Аеродром,” рече Маиер.

Муцунски изјави дека плодната соработка со ЕВН Македонија покажа видливи резултати на терен и тоа за рекордно време.

„Безбедноста на жителите е зголемена, а уличното осветлување е средено. Подземната мрежа овозможи уште поголем простор за општината, простор кој може да се искористи за други намени со цел инвестиции и олеснување на животот на граѓаните,” додаде Муцунски.

ЕВН Македонија секојдневно работи на модернизација и реконструкција на дистрибутивната мрежа низ целата земја. Компанијата годинава планира да инвестира околу 74 милиони евра во подобрување на севкупниот квалитет на дистрибуцијата и снабдувањето со електрична енергија, како и на корисничките услуги, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разногласие во НАТО: Пленковиќ го демантира Столтенберг, тврди дека дронот кој падна во Загреб бил вооружен

Редакција

(Фото) Го сакаме летото во костимите за капење на Women ‘secret

Редакција

Кој е Африм Гаши, кој е избран за претседател на Собранието

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница