еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature, информираа од Алкалоид АД Скопје.

-Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!, велат од таму.

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година.

Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата.

Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За десет години, бројот на студенти е намален за 7.000, секој петти студент сака да биде лекар

Редакција

Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло за јадење

Редакција

Макпетрол АД продолжува да инвестира во сопствените капацитети, комплетно реновирана бензинската станица во Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница