еМагазин
Image default
Локално

Поликлиника Железара доби нов дигитален мамограф и ултразвучен ЕХО апарат

Поликлиника Железара доби нова медицинска опрема – дигитален мамограф со стереотакса и ултразвучен ЕХО апарат со две сонди набавен од Министерството за здравство.

„За наредната година се планира зголемување на бројот на кабинети за скрининг на рак на дојка согласно утврдените правила и протоколи донесени од страна на Националната комисија за скрининг и рана детекција на рак на дојка.

Се искреира скрининг амбуланта на торакална хирургија за пациентки од скрининг кои имаат направено ехо мамографија, биопсија и потврден хистопатолошки наод и истите дирекно од д-р специјалист радиолог се упатуваат во амбуланта на торакална за одредување на термин за операција. Досега оваа можност др специјалисти радиолози ја немаа ниту во дијагностички процедури“, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Со скрининг програмата се опфатени жените во возрасната група од 45 до 69 години кои не направиле мамографија последните две години, а исто така и жените на возраст од 40 до 44 години, кои имаат член во семејството со рак на дојка или друг дополнителен ризик фактор, имаат можност самоиницијативно да се пријават за скрининг мамографија.

Пријавувањето се врши на веб страницата skrining.zdravstvo.gov.mk или на телефонскиот број 15444. Скрининг мамографијата е бесплатна за жените во програмата.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По инцидентот со воспитувачка, вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија

Редакција

Поради старост и болести евтаназирана слоницата Дуња во Скопје ЗОО

Редакција

Скопјанец кој не носел маска нападнал полицаец при легитимирање

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница