еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Празни станови во Скопје, а цената на квадратот постојано расте

Становите во Скопје стануваат екстремно скапи, а цената на квадратот никако да се стабилизира и постојано расте.

Ова го покажува и последната анализа на Народна банка која покажува дека има поскапување од 11,5 проценти на годишно ниво.

„Во првиот квартал од годинава, цените бележеа поскапување од 4,7 проценти на годишно ниво и пад од 0,8 проценти што беше прво минимално квартално намалување по подолг период откако последен пат имаше пад од еден процент во третиот квартал од 2020 година.

Според податоците од Народната банка, во последното тримесечје од 2023 година становите поскапеа за еден процент во однос на третото тримесечје, а на годишно ниво за 6,9 проценти.

Во првиот квартал лани цените на становите биле зголемени за 18,9 проценти на годишно ниво, односно за 1,4 проценти на квартално ниво. Во второто тримесечје имало зголемување од 13 проценти на годишно ниво и 1,6 проценти на квартално ниво, а во третото тримесечје за 11 проценти на годишно ниво и за 2,9 проценти на месечно ниво. Во четвртиот квартал зголемувањето било 6,9 проценти на годишно и еден процент на квартално ниво.

Индексот на цените на становите е направен врз основа на податоците што се однесуваат на огласени станови за продажба на територија на град Скопје,“ велат од НБ.

Квадратот во Скопје, во зависност од локацијата е од 1.300 до 2.500 евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Со Груевски немам никакви контакти откога сум премиер

Редакција

„Тежок тендер“: „Бапал“ ќе ги чисти објектите на државната управа за 204 милиони денари

Редакција

Кој е Лазо Велковски, за кој е побарано разрешување поради скандалот со службено возило

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница