еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратеници работеле, ново појаснување од македонското Собрание, по бурните реакции во јавноста

Од македонското Собрание денеска со ново појаснување, откако пред неколку денови информираа дека и оваа недела нема да работат пратенците, што предизвика бура од негативни реакции во јавноста.

Тие не работеа и за време на седумдневната жалост поради трагедијата во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието нема да работи и неделава, бура од негативни реакции на социјалните мрежи

-Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат.

Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите.

Сепак, работата на Собранието и пратениците продолжува во други вообичаени форми, вклучително и координација меѓу пратениците и пратеничките групи, ангажирање во подготовката и разгледувањето на предлог законите, како и состаноци на различни нивоа.

Пратениците се активни и посветени на законодавните процеси. Секоја изјава со која се претпоставува дека паузираат е неосновано обвинување кое претставува тенденција за манипулирање со мислењето и нарушување на угледот на Собранието и народните избраници, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието не работело од почит кон трагедијата во Кочани, велат од таму по реакциите во јавноста

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истекува рокот на вториот јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз“ и „Макекспрес превоз“ не се пријавил на повикот

Редакција

Борисов: Не се случи ништо страшно, се надевам дека следната година ќе пронајдеме заедничко решение

Редакција

(Видео) Jапонскиот оперски првенец Котецу ја освои Битола, еве како звучат „Едно име имаме“ и „Македонско девојче„ во негова изведба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница