еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Првоосомничениот за планирање на терористички напади во Виена, Беран Алији, сега се брани дека немал намера да убива

Првоосомничениот за планирање на терористички напади во Виена, Беран Алији (19), за време на концерт на американската пејачка Тејлор Свифт, сега се брани и вели дека немал намера да убива, иако претходно призна дека ги планирал нападите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беран Алији, главниот осомничен за планирање терористички напади во Виена, ретко доаѓал во Гостивар

Како што пренесуваат австриските медиуми, неговата адвокатка изјавила дека тој само бил заинтересиран за идеите на Исламска држава (ИД).

Алији преку својата адвокатка изјавил дека не е поддржувач на терористичката група ИД и дека не планирал да изврши напади.

Според неговата адвокатка тој стапил во контакт со ИД минатиот месец, а тој бил само заинтересиран и си „поигрувал со тие идеи, но немал сериозна намера да изврши напад. Само сакал да биде кул“.

Таа потврди дека изработувал бомба читајќи инструкции од интернет, но вели дека бомбата немало да профункционира бидејќи не била со соодветен квалитет. Според неа тој сакал бомбата да ја тестира во шума и не планирал да убие луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што сѐ се знае за планираните напади на концерт на Свифт, за кои првоосомничен е момче по потекло од Гостивар

Објавена фотографија од Беран Алији по потекло од Гостивар, првоосомничениот за планирање терористички напад на концерт на Свифт

Македонското МВР го проверува минатото на Беран Алији, главниот осомничен за планирање на терористички напад на концерт на Тејлор Свифт

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавила Мери Дика Георгиевска, која е избрана за претседател на Апелацискиот суд

Редакција

„Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“ го доби тендерот за надзор на одржување на државните патишта вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Јужнокореецот Ким Џонг-јанг избран за нов претседател на Интерпол, рускиот кандидат „извиси“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница