Утринава се вршат претреси низ повеќе локации во Скопје, кај полициски лица и припадници на затворската полиција, информираа од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
„Под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по Наредба на судија на претходна постапка полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при МВР извршуваат претреси на локации во Скопје,“ информираа од ОЈО ГОКК.