еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Побаран притвор за дедото од Габреш кој си ја уби сестрата и внукот

Основното јавно обвинителство Куманово побара притвор за 67-годишникот од кумановското село Габреш, кој си ја уби сестрата и внук.

-Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило две кривични дела – Убиство од член 123 став 1, како и еден обид за убиство.

Осомничениот 67-годишник, на 21 февруари во кумановското село Габреш, имал расправија со двајцата внуци од неговата сестра. На расправијата се приклучила и сестрата. Со пиштол кој го поседувал со дозвола, осомничениот пукал кон нив и со умисла ја лишил од живот сопствената сестра и еден од нејзините синови, а се обидел да го лиши од живот и другиот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, велат од Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брат во кумановско Габреш си ја убил сестрата и нејзиниот син, другиот внук е ранет

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж повреден од експлозивна направа при лов крај брегот на Црна Река

Редакција

Фондот за здравствено осигурување повторно одбил да го плати лекувањето на Лео во Виена

Редакција

Скопјанец физички нападнат од три лица

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница