еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Продор“ – финална изложба на студентите на „Скала“

На 6. јули (сабота) во 20 часот, во просториите на Јавна соба во Скопје, ќе се одржи финалната изложба „Продор“ на студентите од академиите во „Скала“.

Во рамки на изложбата, ќе бидат претставени повеќе од 500 дела на 140 студенти од генерацијата 2023/24 год. Односно, публиката ќе има можност да погледне илустрации, филмови, графички дизајн-решенија, дизајн на мебел, проекти за ентериерно уредување, модни креации и модни илустрации, фотографии, како и работни процеси, технички цртежи и скици.

„Запознајте ја новата дизајн сцена! Оваа изложба е извонредна можност за нашите студенти да ги претстават своите дела пред пошироката публика, да создадат контакти коишто ќе им бидат од голема корист за нивниот креативен и професионален развој и секако, да го прославиме заедничкиот труд од изминатата година,“ изјави Ана Секуловска, наставен координатор на „Скала“.

„Скала“ е Школа за дизајн и технологија, којашто веќе 13. години ги создава најквалитетните кадри за индустриите на новото време.

„Преку нашата работа, го поттикнуваме креативниот и интелектуалниот потенцијал, како и високите стандарди на нашите студенти, подготвувајќи ги да станат влијателни креатори и иноватори во своите области,“ изјавија од „Скала“.

Повеќе информации на: skala.edu.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вила Clarina All Seasons од Крушево со попуст од 20 отсто за здравствените работници

Редакција

Архимандрит Партениј ја прими наградата од Европскиот парламент во Брисел

Редакција

Да бидеме ние нивните херои, потпишете ја петицијата за бенифициран стаж за сите здравствени работници

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница