еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Променливо облачно време денеска, магла и повремен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно, долж Повардарието и по одделни котлини со појава на магла. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен до југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и наутро магливо, преку денот со услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и во сабота претпладне. Нов влажен бран со врнежи претежно од дожд, само на високите планини од снег ќе започне од сабота кон крајот на денот, а повремено пообилни врнежи ќе има во ноќта во недела и недела.

Во понеделник ќе биде постудено, со услови за врнежи од дожд со слаб интензитет, а слаб снег ќе провејува на планините и понекаде во повисоките места.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

dm дрогерие маркт со силна порака по повод Денот на жената 8 Март: Секогаш тука една за друга, тоа нѐ прави посилни

Редакција

Вонреден надзор во болницата во Битола, откако родилка со неконтролирана бременост родила мртво бебе

Редакција

„Фајненшл Тајмс“: На Северна Македонија и е неопходен попис на населението

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница