еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Промоција на првиот роман на Румена Бужаровска „Тони“, во издание на ТРИ

Оваа среда, на 4. декември, ќе се одржи промоција на првиот роман на македонската писателка Румена Бужаровска – „Тони“.

Со почеток од 20 часот, во локалот „Јавна соба“, романот во издание на Издавачки центар ТРИ ќе биде промовиран со разговор меѓу Бужаровска, писателот Петар Андоновски и поетесата и главна уредничка на „Медуза“ – Калиа Димитрова.

„Тони“ е роман за машкоста, за градот и за традицијата. Брутално комичен, но и длабоко трагичен, се чита во еден здив. Ова е роман што ќе ве удри од земја и ќе ве натера да ги преиспитате општествените, романтичните и семејните односи од нашето секојдневие, велат од „Медуза“.

Од Издавачки центар ТРИ го опишуваат романот како брутално комичен и длабоко трагичен, посочувајќи дека реалноста е секогаш пошокантна од тоа што го пишува во книгите.

„Тони е средовечен бивш рокер од Скопје, кој живее со мајка му и работи во државна институција. Во текот на пандемијата, ненамерно, но по своја вина, предизвикува неколку настани кои засекогаш го менуваат неговиот, а и животот на луѓето околу него. Ставајќи се себе си на прво место, Тони неприкосновено се држи за својата илузорна дефиниција за личната слобода“, велат од ТРИ.

Тони тоне, удолу го влече товарот на неговиот лежерен став кон животот, недостигот на сопствен интегритет и живеењето на стара слава, која исто така е под знак прашалник.

Од „ТРИ“ посочуваат дека „Тони“ е роман напишан на жив, остар и современ јазик во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, која стекна голема популарност со своите раскази и со романизираните есеи „Господ, па Америка“.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција

Родителите во дилема дали децата да ги носат на училиште, од МОН велат дека настава мора да се организира и за време на штрајк

Редакција

Доктор Пановски: Вакцините може да се мешаат, прва доза „АстраЗенека“, а втора „Фајзер“ дава одлични резултати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница