еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Просечната нето плата во декември 43.587 денари

Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43.587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2%), Транспорт и складирање (12.3%) и Рударство и вадење на камен (12%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (13.4%), Административни и помошни услужни дејности, Градежништво (7%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (5.6%).

Просечната бруто-плата во декември 2024 година изнесувала 65.582 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравеа нови 97 заболени од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 4.565

Редакција

Иако беше најавено дека до 15 мај сите пријавени ќе добијат термин, помладите сепак ќе почекаат за вакцина, најави Филипче

Редакција

Грција ја тресе скандал со прислушување, првиот човек на службата за разузнавање поднесе оставка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница