еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Проширена програмата за дуално образование на ЕВН Македонија

Со потпишување на нов меморандум за соработка, продлабочена е програмата за дуално образование на ЕВН и електротехничкото училиште „Михајло Пупин“ во Скопје, информираат од таму.

Отсега, покрај наставата за тригодишно образование во насока Електричар – електромонтер, моделот за дуално образование ќе го опфати и четиригодишниот образовен профил за Електротехничар – енергетичар.

За потребите на наставата, ЕВН во училиштето комплетно опреми кабинет за настава со материјали, алат и опрема и полигон за практични вежби. Курикулумот е прилагоден со помош на експерти од ЕВН, а учениците посетуваат и практична работа во компанијата.

Со завршувањето на програмата, тие имаат можност за сигурно вработување во ЕВН.

Целта на дуалното образование е креирање на кадри кои ќе бидат подготвени да одговорат на конкретните потреби на пазарот за труд. ЕВН Македонија беше прва компанија која започна со спроведување на моделот за дуално образование во 2017 година. Покрај СГУС Михајло Пупин, во програмата вклучено е и ОСТУ Гостивар. Досега, беа вклучени 181 ученик од кои 32 имаат постојано вработување во компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 87 оздравени од Ковид-19

Редакција

Толку беше од САД: Мичиген ја тргна прокламацијата за македонско наследство од веб-страницата, бугарскиот конзул во Чикаго се жалел

Редакција

Норвешка ќе донира над 70 воени возила за македонската Армија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница