еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди, на 7. март во НОБ

Впечатливата балетска претстава „Дамата со камелии“, ќе се изведе на 7. март со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет.

Оваа драматична и раскошна претстава е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз (Шпанија), балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

„Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите,“ вели кореографот Василиј Медведев.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Редакција

Две нови апликации за младите, за сајбер насилството и сајбер безбедност

Редакција

Работат, а живеат во сиромаштија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница