еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Рајанер“ ќе ги укине хартиените билети, чекирањето ќе биде само онлајн

„Рајанер“, ирската нискобуџетна авиокомпанија, од мај следната година ги укинува хартиените билети, а чекирањето ќе биде само онлајн.

Компанијата најави дека целосно ги укинува физичките шалтери за пријавување и се префрлува на дигитален систем.

Патниците кои ќе се пријават на шалтер ќе мора да платат дополнителни 55 евра за оваа услуга.

Чекирањето ќе биде преку мобилната апликација или веб-страница на „Рајанер“.

Во случаи кога на патникот ќе му се потроши батеријата на мобилниот телефон, персоналот на аеродромот ќе може да најде информации за билетите врз основа на патните документи, но сè уште не е јасно дали ќе има дополнителна наплата за оваа помош.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАСА: В сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна закана од Вселената

Редакција

(Фото) Ковачевски и Вучиќ во Прага се потсетија на студентските денови

Редакција

„Ист Гејт мол“ се отвара на 29 октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница