еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

САД ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, се очекува ескалација на војната

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден ѝ дозволи на Украина да ја гаѓа Русија со американско оружје со долг дострел, објавија американските медиуми.

Најверојатно станува збор за користење на ракетите од Армиски тактички ракетни системи (АТАЦМС), кои имаат домет од околу 300 километри.

Досега Украина имаше дозвола од САД да користи американско оружје само за одбрана од руската офанзива во источниот украински град Харков. За таму Бајден одобри употребата на системот за ракетни фрлачи од типот Химарс со дострел од околу 80 километри.

Засега нема реакции од врвот во Русија, а тамошни политичари предупредија на ескалација на војната и трета светска војна и се надеваат дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ја промени оваа одлука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Украина ја нападне Русија со американски проектили, Москва тоа ќе го смета за напад од САД

Фото: Руско МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е струмичката фирма „Херб Инустри“ од каде беше украдена марихуаната која заврши во Арачиново

Редакција

Кои се новите правила за влез на македонските граѓани во Швајцарија

Редакција

Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести, а Мехмедовиќ портпарол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница