еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сам се предаде на полицијата Гоце Трајковски, сведокот во судскиот процес за убиството на Вања и Панче

Гоце Трајковски, сведок во судскиот процес за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сам и се предал на полицијата, откако беше осомничен за предизвикување пожар во скопска Кисела Вода и не беше достапен за органите на прогон, па не се појави на судењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски за случајот за убиството на Вања и Панче во бегство, осомничен за пожар

Тој е пријател на таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите, и син на Кираца Трајковска, која веќе сведочеше во судскиот процес.

Трајковски, заедно со таткото на Ѓорчевска заедно прегледувале снимки за да помогне во процесот на нејзиното пронаоѓање, откако таа беше пријавена за исчезната.

Дали конечно ќе сведочи ќе биде познато на следното рочиште кое е на 27. јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сведокот Трајковски се уште недостапен, одбиено барањето на Палевски за изземање на Стефановски

Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Скопскиот аеродром бидете 3 часа пред летот: ТАВ го надградува системот за багаж

Редакција

Доктор Кунгуловски објаснува за ефикасноста на вакцините за омикрон сојот

Редакција

Топланите ќе бидат во функција за загревање на градот, вели Ковачевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница