еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сашо Дранго неделава на распит, Обвинителството влегло во неговиот дом, а Левица му поднесе кривична

Заменик директорот на „Македонијапат“, Сашо Дранго заради фотографиите со убиена мечка и снајперска пушка во раката, во текот на неделата треба да биде повикан на распит во Основното јавно обвинителство Битола, објави Независен, а Обвинителството веќе направило претрес во неговиот дом во Демир Хисар.

Во меѓувреме и покрај бурните реакции во јавноста си остана на позицијата, а опозициската Левица вчера му поднесе кривична пријава.

Кривичната е за кривичното дело Незаконит лов, а од партијата побараа и негово разрешување.

Онаа што е познато е дека тој уште од 2018 година останал без дозвола за поседување оружје, па освен прашањето дали тој ја убил мечката, нејасно е и чива е пушката.

Тој пак вели дека тој не ја усмртил мечката, туку само се сликал со нејзе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако ја убил мечката заменик директорот на „Македонија пат“ ќе биде сменет, најави Мицкоски

Убил ли заменик директорот на „Македонија пат“ мечка?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ДПА за изборната кампања прибрала донации од 16.700 евра, донирале само 14 лица

Редакција

Што пишуваат грчките медиуми за стартот на уставните измени

Редакција

Анализа: Проширувањето е повторно на агендата на ЕУ, бугарското вето е екстремно иритирачко, штетно и многу неевропско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница