Здравствената состојба на водителот Зоран Василев познат како Зоки Фаци, кој пред неколку дена замина на лекување во Турција е влошена, информираше на Фејсбук неговиот колега и пријател Стефан Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Зоки Фаци замина на лекување во Турција, хуманите граѓани ги поздрави од аеродром
-За жал ситуацијата со Зоки е влошена и овие 3-4 дена се потрошија и повеќе пари во Турција од тоа што очекувавме. Операцијата се уште не е направена, бидејќи новите резултати покажуваат дека туморот е поголем од 30 cm и метастазирал на коски…
Но, докторите велат дека ќе се спаси и Зочко мора да биде силен… Да се молиме за него и да го поддржиме во најтешките моменти, напиша Лазаров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зоки Фаци оди на лекување во Истанбул