еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Се намалува цената на дизелот и бензинот Еуросупер БС-95

Од вечерва на полноќ за половина денар се намалуваат цените на бензинот Еуросупер БС-95, на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на бензинот Еуросупер БС-98 не се менува.

Со одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 80,50 денари за литар, на Еуродизелот БС (Д-Е V), 72,50 денари, а на Екстра лесното масло, 71 денари за литар.

За 0,321 денари поевтинува мазутот и еден килограм ќе се продава за 44,060 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 2.308 болни од Ковид-19

Редакција

(Аудио) Нова „бомба“ со Мицкоски: Бизнисмен му помагал кога му било најтешко

Редакција

Кои се топ пет најголеми трговски партнери на Македонија?

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница