Во октомври просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 38.843 денари, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоци на ДЗС највисоката просечна нето-плата во овој период е во секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 92.631 денари, следи Воздухопловен транспорт – 76.352 денари, па Останати стручни дејности – 66.272 денари, Производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати – 61.086 денари и Финансиско услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 57.901 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во кој сектор е највисоката просечна бруто-плата во октомври
Просечната нето плата во октомври 38.843 денари