еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови, велат од ТАВ Македонија

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, ја известува јавноста дека сите аеродромски системи се во функција и засега нема откажани летови.

„Не се соочуваме со прекини или технички проблеми на нашите системи.

Факт е дека одредени авиокомпании се соочуваат со тешкотии со нивните системи, но ние презедовме мерки за овозможување на непречени операции на аеродромите.

Сепак, ги советуваме и апелираме до сите патници да ги проверат и потврдат информациите за нивниот лет со авиокомпанијата или туристичката агенција преку која резервирале авиобилет.

Сите аеродромски сектори се во состојба на подготвеност поради глобалниот ИТ прекин и се преземаат сите неопходни мерки за опслужување на нашите патници на најдобар можен начин,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пристигнете на аеродром најмалку три часа пред лет, апелираат од „Виз ер“ по денешниот ИТ колапс

Колапс на ИТ системи предвизика хаос низ светот: Откажани летови, парализирани банки, медиуми, болници…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 416 случаи на Ковид-19 од 2.705 тестирања

Редакција

(Аудио) Пет нови „бомби“: Јанакиески и Јанушев договараат „Бетон“ да плати 190.000 евра за авионски превоз

Редакција

Призма: Поранешната Влада за период од седум години на Сител, Канал 5 и Алфа ТВ им дала 25 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница