еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Скопјанец си ја убил сопругата и сакал да избега во Србија, уапсен е на Табановце

Денеска околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го уапсиле Н.А.(38) од Скопје, под сомнение за сторено кривично дело “убиство”, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

“Денеска околу 15 часот во СВР Скопје е пријавено дека во семејната куќа во Скопје, Н.А. со остар предмет и нанел повреди на неговата сопруга Р.А., од кои таа починала, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Н.А. се дал во бегство, но веднаш се преземени мерки и активности за негово пронаоѓање и околу 17 часот тој е лишен од слобода и во координација до јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светски ден за борба против СИДА: Во земјава од ХИВ/СИДА починале 123 лица

Редакција

Еден од подметнувачите на пожарот во кафе барот на државниот правобранител Речи во Охрид има 19 години

Редакција

Лажни се пријавите за бомби во ГТЦ, Џевахир сити, Ист гејт и училиштата во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница