еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Следува период на стабилно време со пораст на температурите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во среда кога се очекува локален повремено пороен дожд со појава на ретки грмежи.

Утринските температури ќе бидат пониски на почетокот на неделата, а потоа и тие постепено ќе се покачуваат.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не била пријавена никаква родителска негрижа за починатото дете во пожарот во Гостивар, кое било врзано со ланци

Редакција

Али Ахмети не смее да етикетира медиуми, регираат од Здружението на новинарите на Македонија

Редакција

(Видео+Фото) Поплавен рудникот Суводол на РЕК Битола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница