еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Со отворени рани се уште тројца повредени од пожарот во Кочани, се лекуваат на Пластика

Тројца од 203. повредени од пожарот во т.н. дискотека во Кочани и по два месеци од трагедијата се уште се со отворени рани, информираше денеска директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска-Павловска, каде што истите се лекуваат.

Таа кажа дека тие имаат многу длабоки изгореници, имаат потреба од продолжено лекување, а на некои од нив ќе им треба и трансплантација на кожа.

-Им требаат преврски, третмани, можеби понатаму кај некои од нив ќе треба и трансплантација на кожа. Ќе бидат соодветно третирани, рече таа.

Во Македонија се лекуваат уште двајца повредени во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и двајца во болницата во Кочани.

Во болницата во Кочани 40 повредени се на физикална терапија, а триесеттина на терапија со плазма збогатена со тромбоцити.

По бројните критики во јавноста, Министерството за здравство од утре ќе почне реевалуација на состојбата на сите повредени, вклучувајќи ги и тие кои се вратија од лекување во странство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите 11 повредени од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба

Вознемирувачки фотографии од повредени во пожарот во Кочани објави Support Kocani

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Редакција

Полицијата приведе пет лица и обезбеди возило како трага за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Редакција

„Вкуси ја традицијата“ во Градски парк: Ќе бидат изложени 2.000 производи како слатко, ајвар, зимница, вино, ракија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница