еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Српскиот премиер и градоначалникот на Нови Сад поднесоа оставки

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска поднесе оставка, со што престанува мандатот на целата влада, а актуелната ќе извршува само технички должности.

Вечерва српската Влада ќе има седница на која ќе присуствува и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а на истата треба да биде донесена одлука за тоа дали ќе има избори или ќе се оди на избор на нова влада.

Вчера Вучиќ најави итна реконструкција на актуелната влада и смена на повеќе од половина министри.

Оставката на Вучевиќ следи по трагичната несреќа на желзничката станица во Нови Сад, во која загинаа 15 лица, што предизвика повеќенеделни масовни протести низ целата земја.

Денеска оставка поднесе и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, откако синоќа во градот беа нападнати и тепани студенти од група мажи со безбол палки кога тие лепеле налепници и цртале шаблони низ Нови Сад. Еден од нив е потешко повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимките од масовниот генерален штрајк го обиколија Балканот, Вучиќ си одржа контрамитинг

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Костовски и странски експерти обвинија за незаконска шема меѓу банките во Македонија, која функционира од 2004

Редакција

Намалување од 42,9%: За една недела 20 смртни случаи од Ковид-19 од 13 градови

Редакција

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница