еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Студентите ќе имаат бесплатен јавен превоз, Владата му префрли на ЈСП 120 милиони денари

Студентите ќе имаат бесплатен јавен превоз. Владата на денешната седница донела одлука на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје да му префрли 120 милиони денари.

„Бесплатниот јавен превоз ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, со што тие ќе можат повеќе да се фокусираат на своите студии и личен развој.

Оваа мерка има се разбира и еколошки аспект. Поттикнувајќи ги младите да го користат јавниот превоз, намалуваме употреба на приватни возила, со што придонесуваме за почист воздух, помали емисии на штетни гасови и поздрави градови,“ изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јавниот превоз забранет од 21 до 5 часот

Редакција

Телефонски разговор Османи-Ескобар: Уставните измени и Северот на Косово во фокус

Редакција

Македонија за 2 дена веќе има 293 новозаразени со Ковид-19, а ЕУ за да ни ја отвори границата бара под 400 за 14 дена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница