еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Таравари мандатот го започна со разрешување на економските директори

Новиот министер за здравство, Арбен Таравари мандатот го започна со увид во нефункционалноста на хируршките сали и со разрешување на економските директори на клиниките.

Тој информираше дека дал наредба за разрешување на економските директори на кои им завршува мандатот – 7 до 8 в.д. директори од вкупно 14, а веќе била дадена и наредба што побрзо во Собранието да се донесе измената на Законот за укинување на функцијата економски директор на клиниките.

„Денес се разрешуваат одреден број на економски директори на кои што им завршува мандатот. Тие што се со малку поголем мандат, ќе ни треба измени на законот. Сметајте дека за месец-два нема да има економски директори. Не сакам да не тужат тие што имаат мандат до август, септември, па да одиме по судови,“ изјави Таравари.

Министерство за здравство, утврдило низа слабости во јавните здравствени установи во кои биле именувани двајца директори, заради несоработка на лицата кои биле именувани за директори, при што се јавувале практични проблеми за реализација на акти и постапки каде што се барала согласност на двете лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Вицепремиерот Николовски се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската „Синофарм“

Редакција

(Фото) Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник: 25.000 учесници во Бадниковите поворки

Редакција

78-годишен маж загина во пожар во својот дом во тетовско

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница