еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Трагедијата во Кочани го сплоти во тага и молитви сиот наш народ, вели поглаварот на МПЦ-ОА во велигденската порака

Во пораката – Пасхално послание, во пресрет на големиот празник Велигден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), г.г. Стефан, меѓудругото вели дека трагедијата во Кочани за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и молитви сиот наш народ, но и сите оние што сочувствуваа со нас.

-Нема воскресение без распетие, како што нема ниту вистинска радост на која не ѝпретходеле горчливи солзи.

Овогодишниот Велигден го доживуваме поразлично од досега.

Имено, во текот на овогодишниот предвелигденски период пострадаа шеесетина наши чеда, а повеќе од двесте беа повредени во страшниот пожар во Кочани.

Трагедијата за кусо време, како ретко кога, го сплоти во тага и во молитви сиот наш народ, но и сите оние коишто сочувствуваа со нас.

Истовремено, кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта.

Во молитвеното испраќање на овие млади луѓе и во привремената разделба со нив, ништо друго не можеше да ни даде сила и утеха освен простувањето од нив со бодра надеж во воскресението. Затоа годинашнава велигденска светлина ја очекувавме и ја дочекуваме со уште поголема духовна усрдност.

И во овој миг да се потсетиме и на оние коишто го жртвуваа и сопствениот живот, за да спасат што повеќе други животи. Во нив силно заблеска евангелската порака за љубовта кон ближните, упатена од воскреснатиот Господ: “Ова е Мојата заповед: да се љубите еден со друг, како што Јас ве возљубив. Никој нема поголема љубов од оваа: да ја положи некој својата душа за своите пријатели“.

Целата порака ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Македонија се подготвува за Велигден

Фото: МПЦ-ОА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 227 пациенти од Ковид-19, во Скопје 102

Редакција

Нови протоколи за настаните на затворено: Две дози на вакцина и 50% на исполнетост на капацитетот

Редакција

(Вознемирувачко видео) Екипаж на брод во Грција турнаа човек во морето кој се удави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница